Марјановиќ во Далас уште две години, ќе добие седум милиони долари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште пред неколку дена беше најавен новиот договор за Боби Марјановиќ од Далас маверикс, а сега се познати и останатите детали.

Српскиот кошаркар ја продолжи соработката со Далас на уште две години и ќе заработи седум милиони долари, односно 3,5 милиони долари годишно.

Марјановиќ се приклучи на Далас во 2019 година, а иако беше слободен агент од летово, сепак Србинот реши да остане во Далас, иако имаше можност да потпише за друга екипа.

Договорот беше потпишан од двете страни, па Марјановиќ и во следниот период ќе го гледаме во тандем со словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.