Марк Маркез ќе се раздели со Репсол Хонда


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез од следната сезона нема да вози за Репсол Хонда, туку ќе се пресели во Гресини.

Шпански „АС“ објави дека Маркез ќе вози за Гресини заедно со неговиот помлад брат Алекс Маркез.

Маркез во моментов е член на Репсол Хонда со кој освои 22 бода и се наоѓа на 19. место во генералниот пласман.

Сепак, тој имаше голем број несреќи и повреди поради кои успеа да заврши само две трки во Мото ГП шампионатот.

Следната трка во Мото ГП шампионатот се вози на 10 септември за Големата награда на Сан Марино.