„Марка“ – Атлетико спрема „напад“ на ѕвездата на ПЛ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јорганџиите веќе некое време се во потрага за напаѓач, но безуспешно.

„Чукаа“ на вратата на Челси и прашаа дали може да го вратат Диего Коста на Висенте Калдерон.

Конте отсечно рече “НЕ“, и така Шпанецот со бразилски корени останува на Стенфорд Бриџ.

Интерес покажаа и за Гонзало Игуаин, нудеа на Де Лаурентис 60 милиони евра и неколку играчи, но контроверзниот сопстевник на Наполи тоа го одби, велејќи дека се задоволни со само со сумата која е потребна да се отклучи откупната клаузула во договорот на Игуаин.

Сега „Чоло“ и неговите соработници се свртија кон Ливерпул, поточно кон екипата на Евертон.

Како што шпанска “Марка“ јавува, заинтересирани се во своите редови да го доведат Ромелу Лукаку!

Конкретна понуда не е испратена на „Гудисон“ но се „шушка“ дека луѓето веќе отпочнаа разговори со фудбалските луѓе, за евентуален премин на Белгиецот на Висенте Калдерон.

Лукаку може да започне и лавина на “пазари“  бидејќи и Челси е заинтересиран да го врати.

Доколку се врати на Стенфорд Бриџ, тоа значи дека Диего Коста е вишок, бидејќи неодамна стигна  и Мичу Бачуаји.

Со самото тоа, Атлетико ќе ја исполни старата желба, а тоа е Диего Коста да се врати „дома“ во Мадрид.

Интересно е дека мадридските ривали Атлетико и Реал, соевремено беа заинтересирани за Лукаку, но „пред носот„ им го грабна Евертон.