„Марка“: Лига на шампиони и Лига Европа ќе бидат прекинати!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голем број натпревари беа одиграни без присуство на навивачи во претходниот период, а одредени првенства беа прекинати поради пандемијата на коронавирусот.

Денеска пристигна информација дека по Серија А, била суспендирана  Ла Лига, па ниту таму нема да се играат натпревари во домашното првенство.

Вистинското прашање е како ќе се играат дуелите меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид, односно Лион и Јувентус, зашто играчите на некои од клубовите се во изолација.

„Марка“ објави дека денеска и официјално ќе биде прекинато натпреварувањето во Лигата на шампиони и Лига Европа, а дополнително ќе бидат објавени податоци до кога би можело да бидат суспендирани натпреварите.