„Марка“ најави мега-трансфер: Азар се договорил со Реал Мадрид!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѕвездата на Челси и на белгиската репрезентација, Еден Азар, очигледно на лето ќе се пресели во Реал Мадрид, со кој се поврзува веќе долго време.

За заминувањето од „Стемфорд бриџ“ се зборува со месеци, но сега се многу сигурни дека Белгиецот решил да го промени клубот, а тоа што одби да го продолжи договорот со „сините“ е јасна порака.

Белгиецот се поврзуваше со многу клубови во последно време, но најмногу со „кралевите“, па „Марка“ објави дека тие се договориле со Азар и се чека летото за да се објави официјално.

„Марка“ пишува дека Азар решил да пронајде вила во Мадрид за да има помалку обврски на лето во запознавање на градот, а тоа е уште еден доказ за неговата преселба во Мадрид.

Според првите информации, Азар, наводно, ќе потпише договор со „кралевите“ на шест години, а Челси ќе добие околу 130 милиони евра.

Зинедин Зидан не крие дека Азар е прв на листата со желби, па најверојатно успеал да си ја исполни желбата и да соработува со Белгиецот, кој исто така имал сон од дете да игра во „кралскиот клуб“.

Фудбалерот на Челси пристигна во Лондон пред седум години за 35 милиони евра, па успеа да освои многу трофеи, а одигра 341 натпревар и постигна 106 голови, како и 87 асистенции.