„Марка“ откри детали од соблекувалната на Реал Мадрид и го посрамот Јовиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поразот во „Ел Класико“ од 0-4 го запали алармот во Мадрид, па шпанскиот медиум „Марка“ откри зошто не играат Еден Азар, Герет Бејл, Маријано и Лука Јовиќ.

„Марка“ пишува дека 24-годишниот српски напаѓач сите ги разочарал, односно најпрво Зинедин Зидан, а сега и Карло Анчелоти.

„Неговите соиграчи сметаат дека секојдневните перформанси се далеку од идеални кога станува збор за преземање одговорност за која треба да се бори, посебно кога пред него е Карим Бензема. Во соблекувалната велат дека не го ни забележуваат Јовиќ кога ќе дојде на тренинг. Анчелоти го исклучи Србинот поради ладниот став во тренинзите. Неговата мрзеливост донесе до тоа дури и Маријано да добива предност пред него“, пишува медиумот.