Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот Лионел Меси на крајот на минатата сезона сакаше да ја напушти Барселона, но на крај остана затоа што клубот не се согласи да го раскине договорот.
Меси бараше да го раскине договорот затоа што беше свесен дека никој нема да плати клаузула од 700 милиони евра, но каталонскиот гигант не се согласи на тоа.
Сепак, најдобриот фудбалер во светот може да го напушти „Камп Ноу“ на крајот на сезоната затоа што му завршува договорот. Меси ќе биде слободен играч и ќе има право да бира каде ќе ја продолжи кариерата.
Меѓутоа, откако Жозеп Марија Бартомеу го напушти претседателското место на Барселона, се појави можност Меси да остане и тој поставил услови за нова соработка.
Меси најпрво сака да ја види формата на екипата и колку ќе бидат способни да освојуваат титули, а секако најважно му е да види и кој ќе биде нов претседател и спортски директор.