„Марка“: ПСЖ ќе го купи Халанд, Норвежанецот објави слика од авион!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид не се откажува од Килијан Мбапе, иако ПСЖ не сакаше да попушти, па во текот на денешниот ден ќе станат многу работи јасни, а парижаните ако ја прифатат понудата од 180 милиони евра, тогаш веднаш ќе тргнат по замена за Французинот.

На „Паркот на принцовите“ се очекува да пристигне Ерлинг Халанд, кој постигна гол за победа против Хофенхајм (3-2) и така ја потврди одличната форма.

Парижаните сакаат во нападот да ги имаат Меси и Нејмар, па тоа ќе биде еден од најстрашните напади во светот.

Халанд во меѓувреме објави фотографија од авион и тоа предизвика шпекулации од медиумите, кои сметаат дека сликата е доказ за патување на Норвежанецот кон Париз.