Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот гигант ПСЖ вчера славеше со 1-0 против Реал Мадрид со голот на Килијан Мбапе во последната минута од натпреварот, по што шпанскиот медиум „Марка“ објави контроверзни информации од тоа што се случувале во соблекувалната на судиите.
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Леонардо на полувреме на мечот против „кралевите“ влегле во соблекувалната на судиите и вршеле притисок врз Италијанецот Даниеле Орсато.
Новинарот Мигел Анхел Торибио тврди дека за тоа има сведоци од Европската фудбалска унија (УЕФА), а Шпанците воопшто не се задоволни од судењето и тоа го потврди тренерот Карло Анчелоти, кој се побуни за тоа што Касемиро и Ферлан Менди заработиле жолти картони.
Односите меѓу двата тима се многу „затегнати“, пред сè поради најавата дека Мбапе на лето ќе си замине од Париз и ќе се пресели во Мадрид.