Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Телеграф“ пишува дека Ливерпул, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид се екипите кои се заинтересирани за Јури Тилеманс од Лестер сити, кој чини околу 25 милиони фунти и би можел да замине летово од екипата.
Причина за тоа е што талентираниот фудбалер има договор до 2023 година, а тоа значи дека ќе може бесплатно да си замине, па ова е последната шанса за „лисиците“ да заработат нешто од негов трансфер.
Британскиот медиум пишува дека „кралевите“ го гледаат Тилеманс како можен наследник на германскиот фудбалер Тони Крос.
Белгиецот кажа дека е фокусиран целосно на обврските со Лестер и не размислува за трансфер.
„Не се грижам за шпекулациите за мојата иднина. Сакам да бидам најдобар на теренот до крајот на сезоната и да му помогнам на Лестер да избори подобар пласман“, вели Тилеманс.