„Марка“: Реал Мадрид и Барселона во битка за една ѕвезда, „кралевите“ ќе трошат 300 милиони евра


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Најголемите ривали во Шпанија и нивните раководства се почитуваат меѓусебе, па некогаш и соработуваат, но тоа нема да биде случај и овој пат.

Шпанска „Марка“ пишува дека норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд предизвикал голема битка меѓу Барселона и Реал Мадрид.

„Одличниот однос на Реал и Барселона, односно нивните претседатели е готов. Следи битка и непријателство за Халанд“, пишува медиумот.

Халанд е прво име на листата со можни засилувања на двата тима, па и Реал и Барселона ќе се обидат да го купат на лето.

Реал планира да го ангажира Килијан Мбапе, кој треба да дојде целосно бесплатно, додека Барселона има предност за Халанд според медиумите.

„Кралевите“ за разлика од Каталонците не мора да продаваат фудбалери за да ослободат место во буџетот за плати, а заминувања на Иско, Бејл и Марсело ќе им донесат уште поголем простор за трансфери, па се очекува да потрошат околу 300 милиони евра.