Маркез по 11 години ја напушта Хонда


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Шесткратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез ќе ја заврши соработката со Репсол Хонда на крајот на сезоната и потоа ќе се пресели во Гризини Дукати, каде што ќе вози покрај својот брат Алекс Маркез.

Маркез освои шест титули со Хонда и доминираше во кралската класа, но во изминатите години се соочи со сериозни падови и повреди поради кои не можеше да настапи во препознатливо светло.

„Шест шампионски титули, пет тројни круни, 59 победи, 101 подиум и 64 пол-позиции. Напорна работа, посветеност и врската која ја имавме во изминатите години е неверојатна. Разделени, но секогаш заедно“, објави Маркез.