Марковски доби отказ поради синот на газдата кој сакал цел натпревар да игра!?


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Искусниот македонски тренер во кошарката, Заре Марковски, неодамна ја прекина соработката со тимот на Пистоја од италијанската прва лига, откако клубот одлучи да го отпушти.

Медиумите во Италија објавија дека основната причина за разделбата е притисокот од страна на сопственикот на клубот, Рон Роуен, кој барал специфични и несекојдневни услови за натпреварите.

Според информации блиски до клубот, Роуен сакал неговиот син, Маверик, да игра сите 40 минути на секој меч, освен ако не направи пет лични грешки.

Иако Марковски ја испочитувал оваа желба во најголем дел, сепак времето кое младиот Роуен го поминувал на теренот во последните шест натпревари било од 32 до 38 минути. Исклучок е натпреварот против Скафати, кој заврши со продолженија, кога Маверик играл 45 минути.