Марота: Би сакал да играме против Милан во финалето на ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота е среќен со пласманот во четвртфинале во Лигата на шампиони (ЛШ), но се надева дека неговиот тим ќе стигне до финалето.

На денешната ждрепка ќе го дознаат ривалот против кој ќе се борат за полуфинале во елитното натпреварување, а Марота кажа дека би сакал да заиграат против Милан во финалето на ЛШ.

„Секој натпревар со нашиот градски ривал е спектакл. Дуел во ЛШ со нив би бил неверојатен тест и фудбалска војна. Јас би сакал да се сретнеме со Милан во финалето на ЛШ“, кажа Марота.

Ждрепката за четвртфиналето во елитното натпреварување ќе се одржи денеска во 12.00 часот.