Марота е мајстор за купување на рати – Стигна Бенатија, Јувентус е посилен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За почеток позајмица која Старата дама ќе ја чини 3 милиони евра.

Евра, Сандро, Киелини, Бонучи, Ругани, Барзаљи, Лихштајнер, Алвеш. Зад нив Џиџи Буфон, а од денес во богатата ротација се наоѓа и Мехди Бенатија.

Џузепе Марота уште еднаш покажа дека е мајстор. Неговите преговарачки способности уште еднаш ја победија конкуренцијата и на Старата дама му го обезбеди потписот на толку очекуваниот дефанзивец.

Бенатија денес ги помина медицинските прегледи и е нов член на Јувентус. И тоа во договорена позајмица која Јуве ќе го чини 3 милиони евра. Јувентус ќе има право на откуп, а ако сака да го откупи најверојатно ќе плати нешто повеќе од 22 милиони евра.