Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Извршниот директор на Интер, Бепе Марота кажа дека Јувентус е главен фаворит за Скудетото поради тоа што не игра во европските купови.
Милан во моментов води на табелата со 21 бод, по што следи Интер со 19, а на третата позиција е Јувентус, но и покрај тоа „Старата дама“ е фаворит за трофејот за Марота.
„Ја освоив првата титула во Серија А во Торино со Антонио Конте и не игравме европски натпреварувања. Искуството му кажува дека можноста да планирам сезона само со Серија А и Копа Италија е предност. Затоа сметам дека Јувентус е фаворит за титулата“, изјави Марота.