Марота потврди: Лукаку се враќа во Челси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер не планира да го откупи белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, кој летово се врати во Милано на позајмица.

Директорот на Интер, Бепе Марота кажа дека не се среќни од Лукаку, кој оваа сезона постигна пет гола и една асистенција на 18 настапи за калчолигашот.

„Позајмицата е договорена за уште една сезона и кога ќе заврши, Лукаку ќе се врати во Челси затоа што не е во најдобра форма и не ги покажа своите квалитети“, кажа Марота.

Лукаку имаше проблеми и со повреди, по кои не успеа да се врати во форма, а сега останува да видиме што ќе направи Челси со Белгиецот.