Марота потврди: Наш приоритет се Лукаку и Дибала!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер бара засилувања ова лето, а спортскиот директор Бепе Марота потврди дека приоритет остануваат Ромелу Лукаку од Челси и Пауло Дибала, кој е слободен фудбалер.

Дибала е блиску до преселба во Интер, а за таков потег на Аргентинецот се шпекулира веќе неколку недели, додека италијанскиот тим води преговори и со Челси за Лукаку.

„Преговараме. Со директорот Пјеро Аусилио имаме должност да изградиме моќен тим, но мора да внимаваме и на финансиите. Можеме да го ангажираме Лукаку, но треба да ги дефинираме деталите со Челси. Тој и Дибала се наш приоритет во моментов. Мора да ја процениме целосната финансиска ситуација, не смееме да правиме лоши потези“, кажа Марота.