Марота призна дека се блиску до договор со Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Извршниот директор на Интер, Бепе Марота во интервју за „Скај Италија“ призна дека клубот е блиску до договор за перманентен трансфер на Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед.

„Уште не е официјално, но неофицијално тоје наш на три сезони. Веруваме во него многу и среќни сме со неговите настапи“ –изјави Марота.

Меѓу другото Марота најави дека официјализација на трансферот ќе има во текот на утрешниот ден.

Се уште не е позната структурата на договорот, некои тврдат дека Санчез ќе оди како слободен агент во Интер, некои пак дека Интер ќе исплати сума од 15 милиони на Манчестер Јунајтед за неговите услуги.