Марсеј ги „уништи“ навивачите на ПСЖ (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Одмаздата се служи ладна. Нешто такво синоќа направи Марсеј, кој го победи ПСЖ на гости со минимални 0:1 по десет години гостување.

Ноќта од сабота кон неделата, на улиците на Париз се појавија неколку навредливи транспаренти на сметка на клубот од Азурниот брег и нивната прва sвезда Димитри Паје.

Транспарентите беа поставени од ултрасите на ПСЖ. Едниот е поставен пред Ајфеловата кула во која е нагласена супериорноста на Марсеј над ПСЖ, а другиот пред Паркот на принцовите.

Марсеј си дојдоа на свое по победата. Тие го завршија транспарентот пред Ајфеловата кула на кој се исмеваат парижаните и ПСЖ.

„ПСЖ – ОМ не му припаѓа на главниот град, туку на Марсеј“, рекоа од Марсеј, опишувајќи ја „Кармата“ со употреба на емотикони.

Истиот слоган во најавите го користеа неколку играчи на Марсеј, вклучувајќи ги Бубакар Камара, Максим Лопез и Џордан Амави.