Марсеј со тешки обвинувања, Нејмар ќе добие 20 меча суспензија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата од Марсеј потврди дека има докази против Нејмар, кој наводно го нарекол Јапонецот Хироки Сакаи „кинеско го**о“.

Француското дерби заврши хаотично, а беа доделени и пет црвени картони, но страстите не се смируваат.

Еден од актерите беше Нејмар, кој го обвини Алваро од Марсеј дека го навредувал расистички, а тоа го потврдија и експерти за читање од усни.

Сега од Марсеј имаат слични обвинувања за Нејмар и тврдат дека тој го нарекол Сакаи „кинеско го**о“.

Тие пронашле аудио материјал со кој може да докажат дека Нејмар го изговорил тоа за време на мечот, поради што Нејмар би можел да добие суспензија од 20 меча.