Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Многу играчи на Рома летово најверојатно ќе го напуштат Рим, а на листата на потенцијални патници е и Стевен Нзонзи.
Олимпик Марсеј е одлучен да го доведе Нзонзи, а покрај овој клуб, за потписот на поранешниот играч на Севиља наводно се борат Монако и Арсенал.
Според BeIN Sports и Gazzeta Dello Sport, Рома е спремна да го продаде Нзонзи на крајот од сезоната и сега го чека најкоректниот купец.
Играчите во Марсеј ги тренира поранешниот тренер на Рома, Раул Гарсија кој минатата година од Рома го доведе и Кевин Стротман и ќе имаат одредена пол-позиција кога доаѓањето на Нзонзи е во прашање.
Без разлика на тоа што Нзонзи дојде во август во 2018 година за 30 милиони евра, Римјаните се спремни да го пуштат и за 20 милиони евра.