Марсијал се извини на свршеничката поради неверство: Направив грешка, нема да се повтори…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Антони Марсијал одличи да се извини на својата вереничка Мелани да Крус бидејќи ја изневери минатата година.

Да потсетиме, кон крајот на минатата година англиските медиуми почнаа да пишуваат дека Марсијал во еден хотел во Париз спиел со 20 годишната француска манекенка Малика Семичи и тоа во време додека неговата вереничка беше во осмиот месец од бременоста.

Марсијал после тоа се огласи преку социјалните мрежи дека има многу зли луѓе, односно со други зборови го демантираше случајот.

Сепак, синоќа објави фотографија на Инстаграм и и се извидни на свршеничката.

„Сакам да се извинам на мојата фамилија, мојата преубава фамилија и посебно на мојата свршеничка за секое зло кое и ги приредив во последните неколку месеци. Направив грешка, се извинувам ова нема да се повтори“, напиша Марсијам на фотографијата со свршеничката.