Мартин Шкртел потпишува за клуб со кој ќе игра во Лигата на шампионите?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Maрти Шкртел долги години ја предводеше одбраната на Ливерпул, а после тригодишната авантура во Фенербахче тој стана слободен играч.

Искусниот Словак кој во декември ќе наполни 35 години би можел да се врати на голема сцена и повторно да игра во Лигата на шампионите.

За дефанзивецот познат по агресивниот стил на игра заинтересирана е Аталанта која ќе биде дебитант во Лигата на шампионите.

Контактот помеѓу играчот и клубот од Бергамо веќе е воспоставен, а со оглед дека Шкртел е слободен играч Аталанта не би морала да плаќа оштета.

Шкртел како фудбалер на Ливерпул запиша дваесетина настапи во Лигата на шампионите и со своето искуство сигурно би и бил од корист на Аталанта.