Мартинез го „бомбардираше“ голот на Салернитана и испиша историја (Фото)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Интер синоќа беше подобар од Салернитана со 4-0, а херој во победата на „нераѕурите“ беше Лаутаро Мартинез кој ги постигна сите четири гола.

Мартинез влезе во игра во второто полувреме и за 27 минути постигна четири гола, а со тоа испиша историја во Серија А.

Напаѓачот на Интер стана првиот резервист кој постигнал четири погодоци во Серија А откако беа воведени три бодови за победа.