Мартинез ја отвори душата: Верувајте ми, плачев два дена


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Интер ја победи Барселона и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите. По натпреварот, Лаутаро Мартинез ја отвори душата и призна дека плачел два дена пред дуелот со Барселона.

По 3:3 во првиот натпревар, Интер синоќа, по продолженијата, на домашен терен ја совлада Барселона со резултат 4:3 и со вкупни 7:6 се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.

Неизвесно беше дали Лаутаро Мартинез ќе настапи во реваншот по повредата во првиот натпревар, се очекуваше, во најдобар случај да започне на клупата, а потоа успеа да игра од почетокот.

Освен тоа, тој го постигна водечкиот гол за Интер, кој на италијанскиот клуб му ги отвори вратите на финалето на елитното натпреварување.

Исто така, изнуди пенал што Хакан Чалханоглу го претвори во 2:0, откако Пау Кубарси го фаулираше во казнениот простор на Барселона.

„Чувствував трнење во ногата и, верувајте ми, првите два дена само седев дома и плачев, но одлично работевме со персоналот и успеав да се опоравам, иако не бев 100 проценти спремен“, изјави Лаутаро Мартинез за Sky Sport Italia.

Фото: Принтскрин