Машина каква што светот одамна нема видено: Илија Топурија брутално го нокаутира Оливеира (Видео)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Илија Топурија е новиот првак на UFC во лесна категорија откако во Лас Вегас го победи Чарлс Оливеира со нокаут во првата рунда.

Шпанско-грузискиот борец Илија Топурија навистина е нешто посебно. До својата 17-та победа во кариерата (17-0) дојде на брутален начин во борбата за појасот во лесна категорија. Го сруши Чарлс Оливеира во првата рунда и по титулата во перолесна, стана и шампион на лесната дивизија на UFC.

Оливеира прв напаѓаше во оваа борба. Очекувано, се обиде да го сруши Топурија и да ја заврши борбата со полуга на нога, но Топурија успеа да се извлече и борбата се продолжи на нозе.

А таму, Топурија е незапирлива машина. На средината на првата рунда, Илија брутално поврза серија удари и тука беше крајот.

Левиот, па десниот директ силно го потресоа Бразилецот, а потоа заврши со лев кроше за крај на борбата. Имаше уште два непотребни удари на земја.

Фото: Принтскрин