Маскерано се подалеку, Јуве има нова мета?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изгледа дека Хавиер Маскерано нема да заврши во Торино.

Иако Аргентинецот има договор со Бјнаконерите, тој сеуште не е блиску до клубот од Торино.

Барселона не се огласува, иако неговите агенти соопштија дека Маскерано сака да го промени клубот. Каталонците се лути на Јувентус поради Дани Алвеш, а не сакаат да ниту да се откажат од услугите на Аргентинецот, иако го доведоа Умтити кој би требало да му биде партнер на Пике во последната линија од одбраната.

Маскерано има договор со Барселона до 2018 година и изгледа дека на крајот ќе остане во Каталонија и веројатно ќе го продолжи договорот.

Поради тоа во Торино имаат нова мета, Немања Матиќ од Челси. Матиќ е полесна мета, а многу повеќе ќе се знае кога Конте и официјално од следната недела ќе седне на клупата на Челси.
Србинот е желба и на Манчестер Јунајтед, но ако Челси го продава секако дека повеќе би сакале да го продадат во клуб кој не е од Премиер лигата, посебно не во најголемите конкуренти.

Сумата за која се очекува Матиќ да замине е околу 40 милиони евра.