Маскирани хулигани претепале членови на делегацијата на Црвена Звезда

Црвена Звезда соопшти дека во саботата биле претепани членови на Управниот одбор на тимот од страна на маскирани лица во Задар.

Инцидентот се случил вечерта пред натпреварот Задар – Црвена Звезда, кој е закажан за денеска од 17 часот.

„Како клуб бараме итна реакција од надлежните органи, хрватската полиција и службата за безбедност. Нашите луѓе ниту имале обележја на тимот, ниту провоцирале било кого“, соопштија од српската екипа.