Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мастерсот во Мадрид требаше да биде одлично загревање за Ролан Гарос, но ситуацијата се искомплицира. Тој беше планиран да се одржи на 13септември, веднаш по Ју-ес Опен.
Шпанските медиуми пишуваат дека властите во Мадрид објавиле дека ситуацијата со вирусот во главниот град на Шпанија не е воопшто добра за одржувањена тениски турнир.
Во писмото кое му го испратиле на директорот Фелисијано Лопез пишува дека постои ризик по јавното здравје, но и организацијата и играчите.
Што се однесува до влијанието на АТП-листата, ваков расплет поволно би влијаел врз Новак Ѓоковиќ, кој минатата сезона го освоитурнирот во Мадрид, додека Надал испадна во полуфиналето по мечот со Стефанос Циципас.