Мата го испофали играчот кој се поврзува со Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер од Манчестер Јунајтед, Хуан Мата упати пофални зборови за играчот кој се поврзува со трансфер на „Олд Трафорд“, Џејдон Санчо.

20 годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд речиси сигурно ќе се пресели во Манчестер Јунајтед по крајот на оваа сезона.

„Дали треба да го донесеме Санчо? Што сакате да кажам? Сите знаеме дека тој е одличен фудбалер. Тој имаше фантастична сезона во Борусија Дортмунд, но мора да ви кажам дека не е моја должност да зборувам за овие работи. Ми се допаѓа многу како играч и можам да го кажам само тоа“ –изјави Мата.