Мата: Јас и Бруно го разбираме фудбалот на ист начин

Хуан Мата се придружи на пофалбите кои одат на сметка на Бруно Фернандеш кој засега се покажува како идеално засилување за Манчестер Јунајтед.

Португалецот веќе постигна три гола и забележа исто толку асистенции, а може да се види дека на теренот одлично соработува со сите играчи, но посебно се истакнува соработката со Хуан Мата.

Шпанецот истакна  дека супер е да се имаат Бруно и Одион во тимот…

„Прекрасно е да се има Бруно во тимот, додека Одион дава гол на речиси секој натпревар на кој игра. Мислам дека Бруно и јас го разбираме фудбалот на ист начин. Сакаме да играме исто, да додаваме и да се движиме потеренот. Сакаме да играме еден покрај друг, да им додаваме на нашите соиграчи, како што правевме на мечот со ЛАСК со Џејмс или Одион“ –изјави Мата.