Матеус: Не треба да ја отпишете Македонија, ќе биде добра против Италија!

Германската легенда Лотер Матеус вечерва ја извлече Македонија за меч против Италија во полуфиналето на баражот за пласман на Светското првенство (СП) во Катар.

Матеус по ждрепката кажа дека Италија е фаворит, но тоа не треба да ја отпише Македонија од натпреварот затоа што македонските фудбалери имаат голем квалитет и смета дека ќе одиграме добар натпревар.

„Најтешката група е Ц. Италија и Португалија ќе решаваат и една од нив најверојатно нема да игра на Мундијалот. Ќе биде интересно, но не ја отпишувајте Македонија предвреме. Мислам дека македонските фудбалери ќе одиграат добар фудбал“, кажа Матеус.