Матеус откри каде ќе оди Џејмс Родригез


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Некогашниот играч на Баерн и Интер, Лотар Матеус го наговести трансферот на Џејмс Родригез. Џејмс се поврзува со Наполи откако беше објавено дека нема да остане во Баерн, кој не ја прифати опцијата за откуп на неговиот договор од Реал Мадрид.

Ниту во Реал никој не смета на него, па му останува да бара нов клуб.

Иако се чинеше дека е близу до потпис до Наполи, Матеус сега порача дека би можел да заврши во Јувентус.

„Џејмс и јас разговаравме пред две недели во текот на прославата на Минхен. Искрено, го гледам во Јувентус. Тој е многу близок со РОналдо и ми рече дека е во контакт со него“, тврди легендарниот Германец, па додаде:

„Кристијано рече дека го сака во Јувентус. Можам да разберам и зошто. Џејмс ќе му даде многу асистенции и двајцата ќе блеснат“

Парот играше заедно во Реал Мадрид помеѓу 2014. и 2017., освојувајќи ја титулата во Ла Лига и две титули во Лигата на Шампионите.

Јувентус би требало да прати конкретна понуда за Џејмс, но пред се во Торино треба да го претстават новиот тренер, најверојатно тоа ќе биде Маурицио Сари.