Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендата на Баерн Минхен, Лотар Матеус даде изјава за германски „Скај“ и откри дека тренерот Ханси Флик ќе си замине од германскиот тим.
Баерн беше елиминиран од Лигата на шампиони, иако го победи ПСЖ во реваншот со 1-0, но загуби на првиот меч во Минхен со 2-3.
„Флик ќе си замине на крајот на сезоната. Постојат понуди од Германскиот фудбалскиот сојуз и тој ќе ја преземе репрезентацијата, а Баерн сака да го ангажира Јулијан Нагелсман“, вели Германецот.
Баерн остана во трката за титулата во Бундеслигата и е на добар пат да го одбрани трофејот, но сепак остана без успех во ЛШ.