Матијс де Лигт одбра!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Матијс де Лигт конечно го одбра клубот во кој ќе ја продолжи кариерата.

Тоа ќе биде францускиот првак ПСЖ. Оваа информација ја донесе познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, стручњак за големи трансфер.

Како што наведува Ди Марцио, менаџерот на холандскиот фудбалер Мино Раиола ќе отпатува во Париз во наредните денови, каде што ќе ја заврши работата околу трансферот и 19 годишниот штопер ќе го облече дресот на тимот на Париз.

Де Лигт го одбра ПСЖ пред Барселона, која беше голем фаворит за неговото доведување, но очигледно дека младиот фудбалер имал други планови.

Ајакс од овој трансфер би требало да инкасира помешу 75 и 80 милиони евра.