Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус и Интер покажаа огромен интерес за услугите на одличниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Србија, Немања Матиќ, кој по неколку години би можел да го напушти „Олд Трафорд“.
Србинот нема голема минутажа кај Норвежанецот Оле Гунар Солскјер, па откако го загуби местото во тимот на „ѓаволите“, Матиќ размислува да замине.
Матиќ има договор со англискиот гигант до 2020 година, а засега нема шпекулации дека ќе го продолжи истиот, па на лето ќе биде слободен агент, а токму тоа сакаат да го искористат италијанските екипи.
Јувентус и Интер уште во јануари ќе може да почнат преговори со српскиот репрезентативец, како и да го обезбедат неговиот потпис за следната сезона.