Матиќ има една желба за следната сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед има високи амбиции за следната сезона која ќе започне на 12 септември.

Српскиот фудбалер кој неодамна го продолжи договорот со „ѓаволите“ до 2023 година истакна дека има желба со клубот да се бори за титулата слендата сезона.

„Лично би сакал да ја освојам Премиер лигата со Јунајтед, знам дека нашиот клуб секогаш треба да се бори за титулата. Не смееме да дозволиме на ниеден клуб да обезбеди титула седум или десет натпревари пред крајот на сезоната. Мора да се бориме до крај“ –изјавиНемања Матиќ.