Мато со својата прослава ги налути навивачите на Пелистер (Видео)


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Денеска во Првата македонска фудбалска лига се одигра дерби натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар, кој заврши со победа на гостинската екипа од Скопје со резултат 1-3.

Натпреварот се одвиваше во фер и спортски дух, без поголеми инциденти. Единствена необична ситуација се случи во 72. минута, кога Роџерс Мато го постигна својот прв гол на натпреварот, донесувајќи предност од 1-2 за својата екипа.

Реакции предизвика неговото славење пред трибината на „Чкембари“.