Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот напаѓач на Јувентус, Алесандро Матри, во ова лето речиси сигурно ќе го напушти Сан Сиро.
Матри во Милан стигна како големо засилување, но во последните неколку сезони помина на позајмици.
После што му истече позајмицата во Лацио, Матри се врати во Милан, но тука нема долго да се задржи.
Росонерите на Матри му дадоа слобода да преговара со други клубови, но му порачаа дека не е во плановите на тренерот за наредната сезона.
Матри овој пат ќе го напушти Милан, но се чини засекогап. Италијанските медиуми пренесуваат дека некогашниот напаѓач на Јувентус својата кариера ќе ја продолжи во Грција.
Иако имаше неколку понуди од Италија, Матри се одлучи за нови предизвици. Како што пишува „Фудбал Италија“ тој својата кариерата најверојатно ќе ја продолжи во ПАОК.
Матри треба денеска да отпатува во Грција на лекарски прегледи.