Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Француските медиуми пишуваат дека од премин на францускиот репрезентативец во Јуве нема да биде ништо и дека тој ќе потпише нов договор со Светците.
Во овие денови кружеа приказни дека Блез Матуиди ќе ја продолжи кариерата во Јувентус, каде што е виден како идеална замена за својот сонародник Пол Погба.
Меѓутоа, кога на Паркот на Принцевитге стигна понуда од Старата дама во износ од 22.5 милиони евра, управата на францускиот шампион се откажа од продажба на одличниот играч за врска.
„Бјанконерите“ се одлучија да се ценкаат иако им е порачано дека нема да може да го купат Матуиди за помалку од 30 милиони евра.
Раководството на шампионот на Италија со понудената сума понуди и бонуси на основа на кои вкупната сума на трансферот може да достигне до таа бројка од 30 милиони, но тој предлог никако не им се допаѓаше на претседателот на Светците Насер Ел Келаифи и одлучи да го „сврте листот“.
„Можам да ви потврдам дека Матуиди нема да замине од клубот и дека ќе го продолжиме договорот со него“, рече Ел Келаифи во кратка изјава за Паризиен.
Матуиди има важечки договор со ПСЖ кој истекува во 2018 година. 29-годишниот француски репрезентативец на Паркот на Принцевите е од 2011 година, доведен е од Сент Етјен за 7.5 милиони евра како замена за Клод Макелеле и досега освои вкупно 13 трофеи за Светците, меѓу кои и последните четири титули шампион на Франција.