Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Англискиот репрезентативец Мејсон Маунт следното лето ќе замине од Челси, но најверојатно и од Островот откако за неговите услуги интерес покажа Баерн Минхен.
Манчестер јунајтед и Ливерпул беа најголеми кандидати за неговиот потпис, но Баерн Минхен има посилен адут, односно Томас Тухел, кој го тренираше Маунт во Челси.
Маунт сака повторно да соработува со германскиот тренер, а трансферот во Баерн Минхен ќе чини околу 50 милиони фунти.
Англискиот фудбалер досега за Челси одигра 130 натпревари и постигна 27 голови, а освои и неколку трофеи, но никогаш не ги оправда очекувањата дека може да биде „новиот Лампард“ во екипата од Лондон.