Маурицио Сари има резервна опција доколку не успее да го доведе Погба


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако Маурицио Сари пристигна во Јувентус, започнаа шпекулациите околу тоа кои фудбалери би можеле да пристигнат во тимот од Торино.

Кристијан Ериксен веќе изјави дека е отворен за напуштање на Тотенхем ова лето, а Јувентус сака да направи потег и да го доведе Данецот во своите редови.

27-годишникот е во Тотенхем од 2013. година и има уште само година дена до истек на неговиот договор, па поради тоа потенцијалните купци со причина се оптимистични.

Данецот оваа сезона одигра 51 натпревар во сите натпреварувања и постигна 10 голови и запиша дури 17 асистенции, па беше еден од најважните играчи на Спарсите.

Реал Мадрид  е исто така заинтересиран за овој играч, но Јувентус се појави како потенцијална дестинација за него откако Сари ја превзема должноста тренер во Торино.

Италијанецот е голем обожавател на Ериксен и би бил многу заинтересиран за да го доведе меѓу првите засилувања доколку добие прилика, јавува Телеграф.

Јуве и Реал Мадрид исто така се заинтересирани за Погба и судбината на Ериксен може да зависи од тоа дали Погба би потпишал за некој од овие клубови летово.

Ерксен нема да се пресели ниту во еден од овие два клуба доколку тие го доведат Погба, но секако ќе биде во нивниот фокус.

Тотенхем бара 80 милиони за клубовите кои се надвор од Англија, додека за клубовите во Премиер лигата цената е 130 милиони фунти.