Мбапе го победи Левандовски во трка за уште една престижна награда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Крајот на годината секогаш ја одбележуваат доделувањата на награди, а во Дубаи беше одржана церемонија каде што се случи големо изненадување.

За најдобар фудбалер во светот беше избран Килијан Мбапе, кој немаше успешна година со ПСЖ и Франција, но и покрај тоа ја доби наградата.

„Големо задоволство е да се биде тука. Ви благодарам на сите што верувавте во мене и семејството кое ми помогна да напредувам. Сакам да испишам историја и работам на тоа“, кажа Мбапе.

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски доби награда за најдобар стрелец, која го носи името по легендарниот аргентински играч Диего Армандо Марадона.