Мбапе и со скршен нос ќе игра против Холандија?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе го скрши носот на првиот меч од Европското првенство (ЕП), но ќе биде во конкуренција за настап на вториот дуел против Холандија.

Мбапе последните денови тренираше со заштитна маска, а на дуелот против Холандија ќе чека шанса од клупата за резерви.

Селекторот Дидие Дешам ќе го искористи Мбапе доколку има потреба, а претходно од првата минута ќе му даде шанса на Оливие Жиру.