Мбапе ќе биде нов капитен на Франција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе е новиот капитен на француската репрезентација, откако ја наследи капитенската лента од голманот Иго Лорис.

Лорис беше капитен на „триколорите“ од 2008 до 2022 година, по што реши да се повлече од репрезентацијата, а селекторот Дидие Дешам реши таа улога да му ја даде на Мбапе.

Заменик на Мбапе ќе биде Антоан Гризман, кој досега одигра 117 меча и постигна 42 гола за Франција.

Мбапе ја носеше капитенската лента и против Данска во септември, а новата ера ќе ја почне в петок против Холандија во Париз, по што Франција ќе се пресмета и против Ирска три дена подоцна.