Мбапе ќе урне рекорд стар 65 години!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе постигна еден гол за Франција во триумфот од 3-0 против Гибралтар и така стигна до 53 погодоци оваа сезона во сите натпреварувања.

Мбапе на таков начин го израмни рекордот на легендарниот Жист Фонтен кој во 1958 година стигна до бројката од 53 погодоци.

Напаѓачот на ПСЖ е израмнет по број на погодоци со Фонтен во една сезона, но ќе има шанса утре да го надмине ако постигне барем еден гол против Грција.