Мбапе на 26 години го израмни рекордот на Тијери Анри


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Капитенот на Франција Килијан Мбапе изјави дека е „луда работа“ што на 26 години се изедначи со Тијери Анри по бројот на постигнати голови за репрезентацијата.

Франција во петокот вечер ја победи Украина како номинален гостин со 2:0 во квалификациите за Светското првенство 2026 година, а Мбапе беше стрелец на вториот гол.

Постигна вкупно 51 гол за репрезентацијата и се изедначи со Анри на второто место на листата на најдобри стрелци. Пред нив e Оливие Жиру со 57 голови.

Секоја чест за Тити (Анри), но сега сакам да го надминам. Чест е да се изедначиш со играч каков што е Анри, сите знаат што значи тој за Французите, а уште повеќе за напаѓачите. Тој е некој кој го трасираше патот и имам голема почит и восхит кон него“, рече играчот на Реал Мадрид.

Анри како 20-годишен беше дел од тимот што во 1998 година на домашен терен го освои Светското првенство, а Мбапе имаше 19 години кога со „триколорите“ го освои Мундијалот во Русија во 2018 година, додека четири години подоцна го освоил второто место во Катар.