Мбапе не го прослави првиот гол, а кога го постигна вториот само погледна кон трибините (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ вчера на гости го победија Монако со 4:1 , a во центарот на вниманието беше Килијан Мбапе.

Мбапе се врати на стадионот на кој се прослави, но немаше милост кон поранешниот клуб. Овој напаѓач постигна два гола во победата на Парижаните од 4:1.

Првиот гол Мбапе го постигна во 24. минута кога го доведе својот тим во предност, а од почит кон поранешниот клуб не го прослави голот.

Мбапе на сцена повторно стапи во 91. минута кога го постави конечниот резултат 1:4, но тогаш упати поглед кон навивачите на Монако и одлучи да го прослави голот.

Јасно е дека навивачите на Монако дофрлиле нешто кон Мбапе во текот на натпреварот што го налутило и одлучил вториот гол да го прослави на својствен начин.