Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Навивачите на ПСЖ денеска ги шокираа вестите дека Килијан Мбапе морал да го напушти тренингот порано од предвиденото поради повреда, а тоа значи најверојатно дека нема да игра против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.
Мбапе беше човекот кој го реши првиот натпревар и постигна гол за победа од 1-0 на ПСЖ. Тој ќе оди на дополнителни медицински прегледи по кои ќе биде познато дали ќе заигра против „кралевите“.
Францускиот гигант објави видео од денешниот тренинг на кој може да се забележи дека Мбапе се повредил, а причината за тоа е Геј.
Мбапе веднаш се пожали на болка и падна на тревникот, по што беше јасно дека не може да продолжи со тренингот.
The moment Mbappe picked up an injury in PSG training 😨
— ESPN FC (@ESPNFC) March 7, 2022
(via @PSG_English) pic.twitter.com/662P4UQiaT